Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралијан Опен, каде што ќе се соочи со Германецот Александер Зверев. Ова ветува да биде уште еден возбудлив дуел меѓу двајца врвни играчи на светската тениска сцена.
Според информациите што ги објави репортерот Џим Куријер, натпреварот ќе се одигра во раните утрински часови, поточно од 4:00 часот по македонско време.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Ова ќе биде 13. пресметка меѓу Ѓоковиќ и Зверев, а статистиката е на страна на српскиот ас, кој досега има остварено осум победи против четири порази од германскиот тенисер. Сепак, Зверев е познат по својот непредвидлив стил на игра и ќе настојува да го изненади противникот.