Дома Фудбал Голем гест на Мбапе: Го исполни сонот на момче кое боледува од неизлечива болест (Видео)

Голем гест на Мбапе: Го исполни сонот на момче кое боледува од неизлечива болест (Видео)

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе повторно ја покажа својата големина надвор од фудбалските терени.

Мбапе е свесен за својата популарност и знае дека има „моќ“ да усреќи многу луѓе со фотографија, автограм или честитка, и таков беше случајот и со младиот Лоренцо.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Младиот Французин боледува од неизлечива болест – глиома во задниот дел од мозокот, и преку видеоснимка на социјалните мрежи изрази голема желба – да го запознае фудбалерот на Реал Мадрид.

Веднаш штом Мбапе ја дозна ситуацијата, го контактира семејството и ги повика да го гледаат натпреварот на Реал.

“Конечно дојде”, му рече Мбапе на младиот Лоренцо кога го сретна на стадионот.

Но, тоа не беше сè што направи Килијан, туку целиот тим на Реал Мадрид го поздрави Лоренцо, се фотографираше и му подари автографиран дрес.

“Лоренцо е поинаков момче. Во животот има поважни работи од фудбалот, сакам да му се заблагодарам на клубот што ми ја овозможи прилика ова, да го доведам на натпревар и да ги запознае сите играчи. Тоа беше неверојатен момент за него и многу сум среќен за него”, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го доби дербито, Реал броеше до пет, Арсенал во осминафинале

Исклучително возбудливи и ефикасни дуели беа видени вечерва во седмото коло од Лигата на ш…