Костариканскиот голман Кејлор Навас е новиот голман на аргентинскиот Њуелс Олд Бојс, потврди клубот од Росарио.
Договорот е потпишан до јуни 2026 година, а според аргентинските медиуми, Навас ќе дебитира за новиот клуб на турнирот Апертура што започнува следниот четврток.
🚨🔴⚫️ Official confirmed. Кејлор Навас се приклучи на Њуелс Олд Бојс без откупни права.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 22, 2025
Поранешниот голман на Реал Мадрид и ПСЖ се приклучи до јуни 2026. pic.twitter.com/FweVCf5Smf
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Легендарниот голман кој се повлече од репрезентацијата на Костарика, а кој бил соиграч на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид и Лионел Меси во ПСЖ, се враќа на теренот по скоро осум месеци, а последниот натпревар го одигра на 19 мај 2024 година за ПСЖ во Лига 1.
Дојдовувањето на Навас дополнително го раздрма аргентинскиот фудбал, со оглед на тоа што Андер Ерера неодамна потпиша за Бока Јуниорс, додека пред неколку месеци Икер Мунијан го засили Сан Лоренцо.
Кејлор Навас досега во кариерата играл за Сапрису, Албасете, Леванте, Реал Мадрид, Париз Сен Жермен и Нотингем Форест.
Најголемите успеси во кариерата ги постигна со Реал, со кој беше трикратен освојувач на Лигата на шампионите и четвртократен светски клупски првак.