Дома Останати Тенис Синер продолжи сигурно да чекори на Австралија Опен: Го прегази Де Минаур во четвртфиналето!

Синер продолжи сигурно да чекори на Австралија Опен: Го прегази Де Минаур во четвртфиналето!

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер со леснотија ја совлада уште една пречка на патот до титулата на Австралијан Опен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Италијанецот во четвртфиналето немаше никакви проблеми против Алекс Де Минаур, а Австралиецот во целиот натпревар успеа да освои само шест гема.

Синер за помалку од два часа игра се справи со Де Минаур, и со 6:3, 6:2, 6:1 се пласираше во полуфиналето каде ќе игра против Бен Шелтон, кој денес со 3:1 во сетови го исфрли Лоренцо Сонего.

Во другото полуфинале ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев.

Двата полуфинални натпревари ќе се играат во петок, додека финалето е закажано за недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…