Дома Фудбал Реал Мадрид поради Перез останува без уште едно големо засилување?

Реал Мадрид поради Перез останува без уште едно големо засилување?

Летово беше тоа Лени Јоро, а сега е – Алфонсо Дејвис.

Уште една совршена мета за тимот на Карло Анчелоти нема да заврши во Реал Мадрид.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Иако со двајцата имаше начелен договор за трансфер, на крајот ниту Јоро, ниту Дејвис нема да играат за Реал Мадрид.

Причината е што Флорентино Перез не се согласува на уценувања и наддавања и трка со другите клубови.

Со други зборови “ако сакаш да играш за Реал Мадрид, ќе играш под наши услови”.

Перез не сака да преплаќа никого, дури и ако се тоа потребни и совршени засилувања како Јоро и Дејвис. Затоа и сè почесто сака слободни агенти, летово беше тоа Килијан Мбапе, а во 2025 може да биде Трент Александер-Арнолд.

На ова треба да се додаде дека Перез одби да доведе стопер оваа зима, и покрај тешките повреди на Дани Карвахал и Едер Милитао. Давид Алаба штотуку се опорави и ќе бидат потребни уште неколку недели за да се врати макар во физичка форма од пред 13 месеци кога се повреди.

Сѐ на сѐ, мадридските извори денес ја потврдуваат непоколеблива позиција на Перез да не преплаќа ниту еден играч, колку и да е тој совршен за Реал Мадрид.

Манчестер Јунајтед го украде Јоро со повеќе пари, сега и Баерн Минхен успеа да го задржи Дејвис со повисоки примања.

Останува да видиме дали тврдоглавоста на Перез ќе го чини Реал Мадрид оваа и наредните сезони…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лајпциг конечно победи, Елмас гледаше од клупата

Лајпциг во шестото коло конечно го запиша првиот триумф во Лигата на шампионите оваа сезон…