Дома Останати Тенис Шелтон преку Сонего до полуфиналето на Австралијан Опен

Шелтон преку Сонего до полуфиналето на Австралијан Опен

Бен Шелтон првпат во неговата кариера се избори за место во полуфиналето на Австралијан Опен. Американецот по голема борба го победи Италијанецот Лоренцо Сонего со резултат од 6:4, 7:5, 4:6, 7:6 (7:4). Неговиот противник за место во финалето ќе биде победникот од натпреварот Синер – Де Минаур.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во првиот сет одлуката падна во деветтиот гем кога Шелтон ја искористи третата брејк топка за водство од 5:4, а потоа на свој сервис оствари предност од еден сет.

Повеќе возбудувања имаше во вториот сет. Американецот му го одзеде сервисот на ривалот за 4:3, имаше на 5:4 и сервис за 2:0 во сетови. Успеа Сонего да врати брејк, но во наредниот гем повторно на сцена беше Шелтон. Ја искористи брејк топката за 6:5, а потоа реализира и сет топка за 7:5.

Италијанецот не се предаде. Во третиот сет, каде што до десеттиот гем не се виде брејк топка, нападна во моментот кога Шелтон сервираше за останување во тој дел од играта. Првата брејк и сет топка не ја искористи, но втората ја искористи и намали на 2:1 во сетови.

Сервисерите беа сигурни во четвртиот сет, па одлуката падна во тај-брејк. Двајцата беа малку нервозни, се видоа дури пет мини брејкови. Сонего на 4:4 направи голема грешка, ја удри волеј топката во мрежата и практично тоа беше крајот. Со одличен сервис и форхенд винер Шелтон дојде до вредна победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во лоша позиција пред Вимблдон: Секој поен е од златна вредност!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ е во прилично неповолна позиција на новообјавената АТП лис…