Дома Фудбал Останато Изумот на агнетот на Ѓоковиќ даде резултат: Нема повеќе снимање на семејството на Новак во ложата

Изумот на агнетот на Ѓоковиќ даде резултат: Нема повеќе снимање на семејството на Новак во ложата

Српскиот тенисер во овие моменти игра дуел против Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австрилија Опен, а и овој пат приватноста на неговото семејство во свечената ложа е загарантирана благодарение на досетливиот потег.

Во минатото коло и дуелот против Јиржи Лехечка на трибините беа присутни сопругата на Новак, Јелена и синот Стефан Ѓоковиќ. Камерата беше поставена така што снимаше секој момент на ова семејство, но неговиот агент Марк Мадден се досети на генијален план.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Мадден го искористи првото што го имаше покрај себе, а тоа беше потник за рака, кој го постави преку камерата, така што снимањето на семејството беше прекинато и им беше загарантирана сигурноста.

Овој пат освен Јелена и Стефан, на трибините е и ќерката Тара, но снимање веќе нема. Камерата е на истото место, но и потникот што беше поставен дури и пред семејството да пристигне.

Српски Телеграф објави фотографии од боксот на Ѓоковиќ во кој се наоѓа семејството.

Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Алкараз може да биде вистински трилер и драма во неколку часа борба. Веќе е познато кој во полуфиналето го чека победникот од овој дуел, а тоа е германскиот тенисер Александер Зверев, кој утрово го совлада Томи Пол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дарио Ивановски со историски подвиг – нов национален рекорд на 10.000 метри

На денешната трка од националниот Куп, која се одржа на Националната арена „Тодор Проески“…