Манчестер јунајтед започна офанзива при крајот на јануарскиот преоден рок, а новата цел е – Патрик Доргу.
Во прашање е лев крилен играч, Данец кој настапува за Лече и има само 20 години.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Доргу е роден во Копенхаген, иако потекнува од Нигерија.
Интересно е што на големата сцена се појави дури во Лече, летото 2023 година за само 200.000 евра.
Во Серија А стана еден од најопасните крилни играчи, а интересно е дека иако е левоног, може да игра подеднакво на двете страни на теренот.
Тој е многу заинтересиран да се приклучи на Манчестер јунајтед, но проблемот е што Лече бара огромно обештетување од 40 милиони евра.
Се очекува дека Јунајтед во последните денови на зимскиот преоден рок сепак ќе го осигура неговиот потпис, бидејќи е јасно дека Аморим мора да ја зајакне својата екипа во сите линии на тимот.