Македонија ќе има двајца претставници на Европското ММА првенство 2025. Европското ММА Првенство кое го организира Меѓународната ММА федерација (IMMAF) кое ќе се одржи во Белград, Србија од 14ти до 23ти Февруари, и за прв пат има над 800 натпреварувачи.
Оваа година, Даниела Алексовска и Марко Трајковски ќе ги бранат боите на нашата земја.
– Даниела Алексовска, натпреварувачка во категоријата Strawweight (52,2 kg), е вицешампионка на Европското ММА Првенство 2024 и бронзен медалист на Светското ММА Првенство 2024 во Ташкент, Узбекистан. Нејзиниот прв натпревар е закажан за 21 февруари. Даниела во групната фаза ќе се соочи со четири противнички – две од Украина, една од Франција и една од Израел.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
– Марко Трајковски, кој ќе настапи по втор пат на Европско ММА Првенство во категоријата Middleweight (83,9 kg), ќе се натпреварува на 17 февруари. Марко ќе биде во група со 13 противници од 9 земји, меѓу кои Романија, Украина, Бугарија, Ирска, Израел, Германија, Србија, Естонија и Италија.
Овој голем спортски момент претставува важен успех за ММА спортот во Македонија. Даниела и Марко, заедно со Претседателот на Македонската ММА Федерација, г-дин Ивица Алексовски, и главниот тренер, Стефан Пецевски, посветено и напорно работат за да го претстават својот максимален потенцијал на меѓународната сцена.
Борбите ќе може да ги следите во живо на платформата IMMAF.TV и на каналите на Арена Спорт.