Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се налути: Нема да давам изјави додека не ми се извинат!

Ѓоковиќ се налути: Нема да давам изјави додека не ми се извинат!

Новак Ѓоковиќ зборуваше пред медиумите по победата над Јири Лехечка во четвртото коло на Австралија опен. Новак победи во три сета со 6:4, 6:3, 7:6 (7-4).

Почна така што модераторот најави дека Новак сака да им се обрати на новинарите пред почетокот на конференцијата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Би сакал да ја објаснам причината зошто немаше интервјуа. Пред два дена славен спортски новинар, кој работи за официјалниот канал кој го пренесува Австралија опен, направи навредливи коментари наменети за мене и им се потсмеваше на навивачите. Оттогаш, тој не реши да се извини јавно, како и Канал 9. Одлучив затоа да не давам интервјуа за Канал 9. Немам ништо против Џим Куриер ниту против публиката. Не беше ни време ни место за тоа, оставам на Канал 9 да го решат на начин на кој мислат дека треба да се реши“, рече Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се распадна по поразот на Ролан Гарос: Можно е ова да е мојот последен натпревар тука

ЈАНИК СИНЕР обезбеди место во финалето на Ролан Гарос. Првиот тенисер во светот во полуфин…