Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен откако го декласираше чешкиот играч Томаш Махач со резултат 3:0 (6:1, 6:4, 6:4) за два часа и 24 минути. Ѓоковиќ доминантно го освои првиот сет, со два брејка и без загубен сервис.
Во вториот сет чешкиот тенисер веднаш направи брејк, но Српскиот тенисер возврати и намали на 1:2, по што тој побара медицински тајм-аут поради проблеми со голтањето.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Ѓоковиќ потоа направи уште еден брејк и така го реши сетот. Веднаш на почетокот на третиот сет Ѓоковиќ направи нов брејк и дефинитивно ја заврши работата.
Противник на Српскиот тенисер во осминафиналето ќе биде уште еден Чех, Ѓиржи Леечка, кој лесно и убедливо го победи Французинот Бенжамен Бонзи со резултат 3:0 (6:2, 6:3, 6:3) за еден час и 49 минути, пренесува Танјуг.