Уште од инцидентот на крајот на сезоната 2023/24 по натпреварот од Купот на Италија против Аталанта кога се закануваше на новинарите и судиите, Масимилијано Алегри е без клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од тој отказ во Јувентус, искусниот италијански стручњак бара нов клуб и според се изгледа конечно го најде.
Станува збор за клуб од Саудиска Арабија – Ал Ахли.
Во овој клуб се исклучително незадоволни од досегашниот резултат, односно петтото место во шампионатот, бидејќи имаат неколку играчи кои се врвна класа, како Веига, Франк Кеси, Роберто Фирмино, Ријад Марез, Ајван Тони или голманот Менди.