Дома Фудбал Ливерпул и Манчестер сити го бараа со месеци, а на крај реши да потпише со Арсенал

Ливерпул и Манчестер сити го бараа со месеци, а на крај реши да потпише со Арсенал

Во изминатите месеци, Мартин Зубименди се поврзуваше со трансфери во Ливерпул и Манчестер Сити, но на крајот не дојде до ништо. Сепак, изгледа дека Шпанецот сепак ќе се пресели во Англија и дека сè е договорено со Арсенал.

Зубименди минатото лето беше на чекор до премин во Ливерпул, кој беше подготвен да ја плати неговата откупна клаузула, но Шпанецот се предомисли во последен момент и одлучи да остане во Реал Сосиедад.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Сепак, по не толку успешниот старт на сезоната на Сосиедад се појави приказната дека овој 25-годишник жали за својата одлука и за изборот да ги одбие Црвените.

По Ливерпул, почнаа да го поврзуваат и со Манчестер Сити, кај што многумина го гледаа како идеална замена за повредениот Родри, а наводно токму Шпанецот го препорачал на раководството на англискиот клуб.

По неуспешните преговори со Ливерпул и Сити, во приказната сега влезе Арсенал. Микел Артета јасно стави до знаење дека сака Зубименди и дека клубот треба да ја искористи неговата откупна клаузула од 60 милиони евра.

Англиските медиуми наведуваат дека Топџиите контактирале со Зубименди и му понудиле долгогодишен договор вреден речиси 50 милиони евра, а најважно е што јасно му соопштиле дека трансферот ќе биде официјализиран дури на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома продолжи со добрите партии🎥

Рома ја победи Џенова со 3-1 на „Олимпико“ и стигна до седмиот триумф во Серија А оваа сез…