Дома Останати Ракомет Трагедија: Почина Александар Јовиќ

Трагедија: Почина Александар Јовиќ

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Александар Јовиќ, познато име на спортската сцена во Македонија, трагично го загуби животот на 50-годишна возраст.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако е роден во Биелина, Босна и Херцеговина, Јовиќ голем дел од својот живот и кариера го посвети на Македонија. Како натурализиран играч, тој остави длабока трага на ракометната сцена, настапувајќи за некои од најреномираните клубови во земјата.

Неговата кариера започна со екипите на Борец и Јафа Промет, а потоа продолжи во гигантите Вардар, Металург и Пелистер, каде што со својот талент и посветеност се издвои како еден од најдобрите играчи на своето време.

По завршувањето на играчката кариера, Јовиќ се посвети на тренерската професија. Ги водеше тимовите на Металург, Металург 2, Пелистер и Пелистер 2, а последниот предизвик му беше во улога на тренер на скопскиот суперлигаш Пролет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Митревски: Утре ништо нема да биде решено!

Македонската ракометна репрезентација денеска замина за Словачка, каде утре во Прешов ќе г…