Со средбата на Интер и Сампдорија е отворено 10. коло од Серија А, а „Нероаѕурите“ на „Сан Сиро“ славеа со 3:2.
Интер одлично ја отвори средбата и до водство стигна во 18. минута кога мчладиот дефанзивец Скриниар одлично се снајде по корнерот и погоди за 1:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По голот на Скриниар следеше мирен фудбал, без многу шанси на обете страни, но потоа во 29. минута Перишиќ пропушти прилика за 2:0. Меѓутоа, неговиот удар од голема далечина, по слабата реакција на одбраната на Сампдорија, ја погоди стативата.
Интер сепак, само две минути подоцна доаѓа до 2:0 и тоа по фантастичниот гол на Икарди.
Во 55. минута Икарди го постигна и вториот погодок на мечот и му носи на Интер предност од 3:0.
Сампдорија во продолжението успеа да ја намали предноста во 64. минута преку Ковнацки.