Шпанските медиуми објавија дека Габи и Атлетико договориле продолжение на соработката.
Иако Габи пред три месеци наполни 34 години, мадридскиот клуб продолжи со политиката на играчите во позрели години да им понуди продолжување на соработката доколку се на задоволувачко ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Габи е одлучен во намерата Атлетико да биде неговата прва и последна станица во кариерата и сегашниот договор кој му важи до крајот на следната сезона ќе го продлжи на уште една година.
„Атлетико е мојот клуб, мојата куќа и пресреќен сум овде. Сакам навистина со својата игра да му помогнам на тимот“, истакна неодамна Габи.
Во оваа сезона Габи е стандарден во тимот на Диего Симеоне. Одигра вкупно 10 натпревари, од кои два во Лигата на шампионите.