Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го дозна потенцијалниот противник во второто коло во Мелбурн

Ѓоковиќ го дозна потенцијалниот противник во второто коло во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ го дозна името на потенцијалниот противник во второто коло на Австралискиот опен, секако под услов да го совлада Американецот Басавереди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа ќе биде Португалецот Жаиме Фарија, кој неочекувано лесно го победи Русинот Павел Котов со 6:1, 6:1, 7:5.

Квалификантот од почетокот ги контролираше случувањата на теренот. Во првите два сета го декласираше противникот. Дури во третиот сет Котов имаше шанса. Русинот на 5:5 пропушти брејк топка, а потоа следеше сурова казна во следниот гем кога Фарија без загубено поен постигна брејк и ја обезбеди победата.

Фарија моментално е 125. тенисер во светот. Неговиот најдобар ранг беше 114. позиција. Ѓоковиќ и Фарија досега никогаш не играле еден против друг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе се бори за настап на нов грен-слем!

По историскиот настап на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има мо…