Дома Останати Тенис Бекер го критикува Ѓоковиќ: Мора да се воздржиш од коментари!

Бекер го критикува Ѓоковиќ: Мора да се воздржиш од коментари!

Легендарниот Борис Бекер го коментираше неодамнешната изјава на Новак Ѓоковиќ, која привлече многу внимание.

Новак кажа дека мисли дека бил отруен за време на престојот во притвор во Мелбурн во 2022 година.

Бекер истакнува дека Ѓоковиќ треба да се фокусира на теренот.

„Според мое мислење, Новак прави премногу работи настрана. Ако тоа му е приоритет во овој момент, не мислам дека е добро, дури е и опасно”, рече Бекер и додаде:

„Тој е најуспешниот тенисер на сите времиња, и сака да освои уште една Гренд слем титула. За да го постигне тоа, му е потребна сета енергија што му останала. Затоа мора малку да се воздржи кога станува збор за такви наслови. На теренот е вистинскиот труд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

(Видео) Сабаленка го гледаше Милан на „Сан Сиро“, а го покажа и накитот вреден 100.000 евра

Арина Сабаленка после поразот во финалето на US Open пристигна на Сан Сиро. Белоруската те…