Дома Фудбал Критики пред Ел Класико: Изборот на судијата е светски скандал

Критики пред Ел Класико: Изборот на судијата е светски скандал

Реал Мадрид и Барселона вечерва го играат финалето на шпанскиот Суперкуп, но пред натпреварот, од таборот на Реал веќе започнаа критики поради изборот на судии.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Особено ги вознемири одлуката за именување на Хил Манзано за главен судија на натпреварот, бидејќи веруваат дека во минатото ги оштетил со своето судење.

На клупската телевизија на Реал Мадрид беше објавено видео во кое се потсетуваат на минатосезонскиот дуел на Месталја, кога „кралевите“ стигнаа до победа во судиското продолжение, но Манзано претходно го означи крајот и поништи гол на Џуд Белингам.

„Светски скандал за кој судијата беше суспендиран само две недели, а сега е награден со финале на шпанскиот Суперкуп благодарение на Комисијата за судии предводена од Медина Кантаљехо“, истакнуваат од Реал Мадрид ТВ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(ВИДЕО) Најголемата грешка во кариерата на Муслера, Зеленортските Острови се квалификуваа и ќе играат против светскиот шампион!

Репрезентацијата на Шпанија денес во Гвадалахара успеа да го победи Уругвај со резултат 1:…