Во последниот период се водеа многу полемики околу регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор од страна на Барселона. Сега, повторно се огласи претседателот на Севиља, и тоа на кој начин.
Барселона и Севиља веќе некое време немаат добри односи, а пред неколку дена раководството на Барселона одлучи да прекине сите деловни односи со клубот од Андалузија.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
До нарушување на односите меѓу клубовите дојде поради познатата регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор. Од Севиља јавно беа против тоа, што на Лапорта и другите челници во Барса не им се допадна.
По сагата која навистина долго траеше, се донесе конечна одлука. Барса победи, жалбата беше успешна и така Олмо и Виктор беа регистрирани.
Оваа одлука на судот наиде на големи критики, а претседателот на Севиља Хосе Марија дел Нидо Караско повеќе не можеше да молчи и силно го критикуваше каталонскиот клуб, но и Реал Мадрид.
“Реал Мадрид се поклони на Барселона, што е навистина неверојатно. Тие заедно работат на проект во кој никој од фудбалскиот свет не верува, освен нив, а тоа е Суперлигата.”
“Во оваа земја, ако си Барселона или Реал Мадрид, за тебе важат посебни правила. Ако си обичен ‘смртник’ како нас и останатите клубови, тогаш правилата се применуваат различно,” рече Караско.
“Ваков судски преседан е многу, многу опасен. Мислам дека е нечесен кон останатите учесници во лигата, но и кон самите навивачи,” додаде претседателот на Севиља.
Поради своите ставови, Андалузијците останаа и без Ансу Фати. Шпанецот имаше се договорено со Севиља за позајмица, но поради нарушените односи Барселона го блокираше трансферот.