Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Во најлудите соништа би сакал да се врати Југославија

Ѓоковиќ: Во најлудите соништа би сакал да се врати Југославија

Новак Ѓоковиќ е роден во Југославија и би сакал таа земја пак да постои.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Во моите најлуди соништа, тоа би бил идеален сценарио“, изјави најдобриот тенисер на сите времиња во интервју за американскиот магазин Џи-Кју. „Би рекол дека тоа е совршен сценарио. Зошто да не? Ако сите зборуваме на ист или многу, многу, многу сличен јазик. Ние се разбираме совршено“.

Ноле потоа наброи уште сличности меѓу народите во регионот.

„Ако ги погледнете нашите народни носии, музиката, игрите, храната. Истото! Само различни зборови за да го опишат тоа. Затоа, јас сум за тоа да бидеме поблиску што е можно повеќе. А дали е можно повторно да станеме иста земја? Мислам дека тоа не е реално можно. Но, ништо не е невозможно. Затоа велам дека ако докажеме дека имаме исти корени, иста историја, дека доаѓаме од исти племиња, тогаш можеби тоа ќе ги поттикне луѓето“, посочи Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка повторно ги израдува машките фанови – објави „жешки фотографии“ во бикини! (Фото)

Арина Сабаленка уште еднаш докажа дека не ја привлекува само со брилијантната игра на тени…