Дома Останати Тенис Познато кога Ѓоковиќ ќе започне со походот на 11. титула на Австралијан опен

Познато кога Ѓоковиќ ќе започне со походот на 11. титула на Австралијан опен

Во понеделник од 9.00 часот наутро по средноевропско време, Новак Ѓоковиќ ќе игра меч од првото коло на Австралискиот опен со Нишеш Басавареди.

Иако моментално е само седмиот тенисер во светот, организаторите покажаа почит кон најуспешниот тенисер во историјата на нивниот турнир, десеткратниот шампион, така што го ставија во вечерен термин на најголемиот стадион.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не знам многу за Басавареди. Вчера првпат го гледав, играше полуфинале во Окленд. Видов дека е многу брз, има добро чувство за топката. Погодува места кои ги сака на сервисот, делува дека има комплетна игра. Дебитира на гренд слемовите, нема многу што да загуби, сигурен сум дека ќе биде мотивиран да испрати порака. Ќе морам да дадам сѐ од себе“, рече Ѓоковиќ за својот прв противник, 19-годишникот од САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…