Дома Фудбал Гвардиола до новинарите: Не бев ли доволно јасен?!

Гвардиола до новинарите: Не бев ли доволно јасен?!

Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити покажа голем интерес за египетскиот напаѓач Омар Мармуш (25), кој од јули 2023 го носи дресот на германскиот тим Ајнтрахт Франкфурт. Англиските медиуми наведуваат дека Сити напредува во преговорите со Франкфурт и дека е сè поблиску до склучување договор вреден околу 60 милиони евра.

Тренерот Пеп Гвардиола на прес-конференција беше запрашан за зимскиот трансфер период на манчестерскиот клуб. “Не ме прашувајте за тоа, бидејќи нема да одговорам. Целиот месец ќе ме прашувате за играчи со кои медиумите нè поврзуваат, а јас нема да зборувам за тоа. Можете да инсистирате, но нема да одговорам бидејќи не ја познавам ситуацијата”, одговори Гвардиола.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Тој порачал дека ќе работи на трансфери поради бројните повреди кои ги имаа оваа сезона. “Се разбира дека разговарам со клубот, но не знам што ќе се случи. Ќе се случи што ќе се случи, повеќе од тоа не можам да кажам”, додаде Гвардиола.

Иако рече дека нема да зборува за трансфер-гласини, на истата прес-конференција Гвардиола повторно доби прашање за интересот за Мармуш. 

“Слушајте, зарем не бев доволно јасен? Ве молам, разберете! Јасно одговорив – нема да зборувам за тоа. Тој е играч на друг клуб, нема да одговорам. Можете да ме прашувате на секоја прес-конференција до крајот на трансфер периодот, но нема да одговорам. Да не го правиме тоа. Истото се случуваше во минатото. Бев јасен, нели? Можете повторно да пробате, нема проблем, но го знаете одговорот”, рече Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио продолжи со лошите резултати

Лацио ја продолжи лошата серија без победа и одигра само 1:1 против Комо на „Олимпико“. Ла…