На Новак Ѓоковиќ Австралија му носи многу убави спомени, но имаше и некои непријатни како апсењето по корона-аферата. Синоќа во Мелбурн помина ново непријатно искуство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ пристигнуваше на стадионот за официјален тренинг, но на влезот го сопре обезбедувањето.
Иако пред него стоеше најдобриот тенисер во историјата, обезбедувачот побара да ја види акредитацијата за да утврди за кого станува збор, и дали може да го пушти да помине.
Откако му ја покажа акредитацијата, Ѓоковиќ го пуштија со насмевка да продолжи понатаму.
И Ѓоковиќ, освојувач на десет титули на Австралија Опен, се насмевна, очигледно разбра дека обезбедувањето само професионално ја исполнува својата работа.
Ѓоковиќ денеска дозна и кој му е противникот во првото коло, а тоа е Нишеш Басавареди.
.AO security guard:Who are you?🤔
— pete_shaw🐊🐌👬 (@petexiao1) January 8, 2025
Novak:I am Djokovic😉 pic.twitter.com/7m2RyOaES0