Баер Леверкузен доживеа шокантна елиминација уште во второто коло во Купот на Германија. Третолигашот Лоте забележа една од најголемите победи во својата историја и се пласира во наредната рунда.
Натпреварот во 90 минути заврши 1-1, а по 120 минути игра на семафорот стоеше 2-2, Лоте по подоброто изведување на пенали победи со 6-5. Баер од 78 минута играше со фудбалер повеќе но не успеа да го елиминира третолигашот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај Баер уште еден Бундеслигаш доживеа елиминација во второто коло. Фрајбург на пенали загуби од второлигашот Сандхаузен со 7-6, откако по 120 минути игра резултатот беше 3-3.
Борусија Менхенгалдбах без проблеми го совлада Штутгарт 2-0. Пласман во наредната рунда избори Арминија која во Дрезден славеше над Динамо со 1-0, потоа Херта со триумфот од 2-0 над Сент Паули, односно Минхен 1860 со триумфот 4-3 над Волфсбург Кикерс, како и Хамбург кој со 4-0 го совлада Халешер