Лука Дончиќ (25) на Божиќ го напушти натпреварот на Далас Маверикс против Минесота Тимбервулфс поради повреда во втората четвртина. Брзо беше откриено дека ова е неговата најтешка повреда откако е во НБА лигата. Словенечката ѕвезда поради истегнување на мускулот на листот од левата нога нема да игра најмалку еден месец.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред само два дена беше објавено видео на кое се гледа како Дончиќ едвај оди и тоа предизвика загриженост кај фановите за неговата состојба.
10 days after the injury. Luka can barely step on his foot. I want to die. pic.twitter.com/l0V08hrhDG
— Лука Апдејтс (@LukaUpdates) January 5, 2025
Но, сега ситуацијата изгледа се променила и тоа на подобро .Во тимот од Лос Анџелес неодамна пристигна Дориан Фини-Смит, поранешен играч на Далас и голем пријател на Дончиќ. Словенецот дојде да го поздрави, а навивачите забележаа дека оди сосема нормално и без никаква помош и се надеваат дека ова е добар знак во процесот на закрепнување, а ваквата брза промена медиумите ја истакнуваат како „неверојатна“. .
Лука Дончиќ саркастично викаше на Дориан Фини-Смит додека Мавериксите завршија втората четвртина со 11-0 серија.
— Ландон Томас (@sixfivelando) January 8, 2025
Дончиќ имал оваа кошарка со него цела игра… pic.twitter.com/kKTEk5GoXI