Дома Фудбал Ливерпул одлучил: Фудбалерот кој блеска во Премиер лигата може да биде наследникот на Салах

Ливерпул одлучил: Фудбалерот кој блеска во Премиер лигата може да биде наследникот на Салах

Ливерпул бара ново засилување на крилните позиции, и еве за кого станува збор.

Матеус Куња е оваа сезона еден од најдобрите играчи во англиската Премиер лига.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Се чини дека за тие игри ќе следи награда од европскиот великан во вид на нов клуб и нов договор.

Имено, Бразилецот кој игра одлично во Вулверхемптон е голема желба на Арне Слот во редовите на Ливерпул.

Тој е еден од играчите кои најмногу напредувале во најсилното првенство во светот.

Овој 25-годишник е главна цел на Ливерпул бидејќи „Црвените“ летово остануваат без Мохамед Салах кој најави дека ова му е последната сезона во „Црвените“.

Според пишувањата на англиските медиуми, „Волците“ не сакаат да го пуштат својот фудбалер за помалку од 70 милиони евра.

Куња оваа сезона одигра 19 натпревари во Премиер лигата и постигна десет голови и четири асистенции.

Тој е дефинитивно најдобриот играч на Вулверхемптон во моментот..

Својата кариера Куња ја започна во редовите на бразилската Коритиба, а во летото 2017 година премина во швајцарскиот Сион.

Само една година подоцна Лајпциг го откупи неговиот договор за 15 милиони евра.

Во зима 2020 година Херта плати 18 милиони евра за неговите услуги, за по година и пол да одлучат да го продадат на Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ платија 35 милиони евра.

Пред претходната сезона престојуваше шест месеци во Вулверхемптон, а во летото 2023 година „Волците“ издвоија 50 милиони евра и се покажа како полн погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите во завршна фаза: Грем Потер пред враќање во Премиер лигата?

Раководството на фудбалскиот клуб Вест Хем разговараше со тренерот Грејем Портер за можен …