Дома Фудбал Останато Вечерва се игра финалето на Светското првенство во пикадо: Еве колку ќе заработи победникот

Вечерва се игра финалето на Светското првенство во пикадо: Еве колку ќе заработи победникот

Британскиот 17-годишен пикадист Лук Литлер и легендарниот Холанѓанец Мајкл ван Гервен (35) вечерва во 20:45 ќе играат во финалето на Светското првенство во пикадо. Со самиот пласман во финалето, пикадистите си обезбедија награди од 200 илјади фунти (241 илјада евра). Толку ќе добие оној што ќе загуби во финалето, додека победникот ќе си оди дома со половина милион фунти, односно 600 илјади евра.

Литлер и минатата година беше во финалето на Светското првенство, но беше победен од Хамфрис, кој во моментот е првиот играч во светот, но оваа година испадна во осминафиналето од Питер Рајт. Ван Гервен, инаку четврти играч во светот, игра одлично на овој турнир и британските медиуми пишуваа дека ова може да биде негово големо враќање на самиот врв на светското пикадо. Ван Гервен во полуфиналето во четврток совлада Англичанецот Крис Добеј со доминантни 6:1 во сетови.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Подеднакво немилосрден беше и Литлер, кој исто така со 6:1 во сетови го исфрли Стефан Бантинг. Литлер му е второ финале во вториот настап на Светското првенство, додека на трикратниот светски шампион Ван Гервен му е шесто финале. Младиот Британец е фаворит според обложувалниците, за него коефициентот е 1.40, додека за Холанѓанецот е 3.00.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дарио Ивановски со историски подвиг – нов национален рекорд на 10.000 метри

На денешната трка од националниот Куп, која се одржа на Националната арена „Тодор Проески“…