Дома Фудбал Арсенал подготви 60 милиони евра за најскапиот трансфер зимава

Арсенал подготви 60 милиони евра за најскапиот трансфер зимава

Со почетокот на годината започна зимскиот трансфер период, а изгледа дека најскапиот трансфер би можел да го направи Арсенал.

Иако ПСЖ го плати 95 милиони евра во 2023 година, за Рандал Коло Муани, деновите во клубот му се изброени.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во последните седум натпревари доби само половина час, а на шест од нив не играше воопшто.

Последните три натпревари не беше ни во конкуренција, па така Рандал Коло Муани е на излезната врата на ПСЖ.

Луис Енрике не смета на услугите на 26-годишниот Французин, што другите клубови ќе се обидат да го искористат и да го доведат.

Новинарот Фабрицио Романо изјави дека заминувањето на Коло Муани од француската престолнина во зимскиот трансфер период е речиси сигурно. ПСЖ ја одреди и цената. Како што пренесува шпанскиот „АС“, таа изнесува 60 милиони евра.

Арсенал е меѓу тимовите заинтересирани за репрезентативецот на Франција откако Букајо Сака се повреди и ќе биде надвор од теренот околу три месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ ја најави новата сезона во ПМФЛ: Од кого што може да се очекува?

Со нови предизвици и повеќе прашања отколку одговори, на 8. август (петок) започнува новат…