Дома Фудбал По пауза од четири меча: Аморим му дава нова шанса на Рашфорд

По пауза од четири меча: Аморим му дава нова шанса на Рашфорд

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим решил да му даде нова шанса на Маркус Рашфорд.

Откако го изостави Англичанецот на последните четири натпревари, Аморим решил да го повика Рашфорд за вечерниот меч против Њукасл.

Рашфорд нема да биде стартер, но е вратен поради суспензијата на Бруно Фернандеш и повредата на Мејсон Маунт.

Многумина веруваат дека ова можеби е и последна шанса за Рашфорд да покаже желба да се докаже на Рубен Аморим, инаку, веројатно е дека ќе замине, можеби веќе во јануарскиот трансфер период.

Јунајтед е во серија на лоши резултати, победи го Сити на гости на 15 декември, но пред и потоа не се прослави, па е 14. на табелата со 22 бода.

Натпреварот Манчестер Јунајтед – Њукасл е на програма во 21.00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тиквеш казнет за натпреварот против Шкендија!

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки за дисципли…