Дома Фудбал Новиот тренер на Милан ќе дебитира во дербито со Јувентус и тоа – против својот син!

Новиот тренер на Милан ќе дебитира во дербито со Јувентус и тоа – против својот син!

Милан го отпушти тренерот Пауло Фонсека по само половина година бидејќи не ги исполни очекувањата на раководството на Росонерите.

Милан издаде соопштение за медиумите кое се состои од две реченици.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


“Милан соопштува дека Пауло Фонсека е разрешен од своите должности на позицијата главен тренер на првиот тим. Клубот му се заблагодарува на Пауло за големото ниво на професионалност и му посакува сѐ најдобро во идната кариера”, објавија Росонерите.

Фонсека во 24 натпревари во сите натпреварувања забележа 12 победи, 6 нерешени и 6 порази, а на негово место ќе дојде Сержио Консеисао.

За Консеисао ќе биде особено интересно да го води големото дерби помеѓу Милан и Јувентус бидејќи една од најголемите ѕвезди на Старата дама е неговиот син Франсиско.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неапол гори, Наполи е шампион на Италија

Наполи е шампион на Италија по 4-ти пат во својата историја, откако во последното коло го …