Дома Фудбал Барселона му го уништи сонот на еден од најдобрите напаѓачи во Лига 1

Барселона му го уништи сонот на еден од најдобрите напаѓачи во Лига 1

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде интересен за гигантите во 2025 година.

Како што е познато, Канаѓанецот е во последната година од договорот и од 1 јануари има право да преговара со неговиот следен клуб, бидејќи е одамна познато дека нема да потпише нов за францускиот тим.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сепак, неговиот нов клуб сигурно нема да биде – Барселона.

Каталонските извори открија дека скаутите на каталонскиот гигант го следеле Дејвид и на крајот утврдиле дека им е потребен поинаков профил на напаѓач.

Не е тајна дека Дејвид јавно кажа дека му е сон да игра за Барселона, но, и покрај тоа, го чека голем клуб.

Наводно, Манчестер Сити е исто така опција, бидејќи Пеп Гвардиола сака да има уште еден централен напаѓач, заедно со Ерлинг Халанд. Норвежанецот е во најлошата форма во кариерата и евидентно е дека и нему му треба конкуренција и ротација за постојано да биде на ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзии за водечкиот гол на Барселона: Телевизискиот кадар и ВАР снимката – не се совпаѓаат! (Видео)

Фудбалерите на Барселона синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампион…