Новак Ѓоковиќ ја започнува новата сезона во Бризбејн, каде што го очекува првиот противник, Австралиецот Ринки Хиџиката.
Новак Ѓоковиќ, кој по мислење на многумина е најдобриот тенисер во светот, ќе ја започне новата сезона на турнирот од серијата 250 во Бризбејн.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како прв носител на турнирот, Ѓоковиќ ќе ги одмери силите во првото коло со Австралиецот Ринки Хиџиката, кој на турнирот влезе благодарение на „вајлд карта“.
Хиџиката, 23-годишен играч со јапонско потекло, моментално е на 73. место на АТП листата.