Дома Фудбал Јувентус може да го засили нападот со Хрват

Јувентус може да го засили нападот со Хрват

Анте Будимир (33) имаше одличен прв дел од сезоната во Осасуна. Во 19 настапи во сите натпреварувања постигна 11 голови, од кои десет беа во Ла Лига, па хрватскиот репрезентативец го дели третото место на листата на стрелци со Килијан Мбапе. Пред него се само Роберт Левандовски со 16 и Рафиња со 11 голови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Одз повеќе извори се појавуваат информации дека Будимир привлекува се поголем интерес на пазарот. Како што наведува турскиот инсајдер Екрем Конур, Осасуна за хрватскиот напаѓач одби понуди од Серија А и турската Суперлига во ранг од четири до пет милиони евра.

Шпанскиот портал Супердепорте потсетува дека во изминатите месеци интерес за Будимир покажаа Јувентус и Фенербахче, па може да се претпостави дека тие го материјализираа тој интерес со понуди пред зимскиот трансфер период.

Сепак, истиот портал истакнува дека Осасуна за тој износ не планира да го пушти својот главен голгетер. За трансфер би размислиле ако пристигне понуда од околу десет милиони евра. Супердепорте дополнува дека Будимир, благодарение на игрите, би вредел и многу повеќе ако во јули не полни 34 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, н…