Дома Фудбал Рашфорд го напушта Манчестер и се сели во друг европски гигант!?

Рашфорд го напушта Манчестер и се сели во друг европски гигант!?

Маркус Рашфорд е на излезните врати на Манчестер Јунајтед, каде што го мина досегашниот дел од кариерата, а странските медиуми пишуваат дека одбрал нов клуб.

Англискиот офанзивец, Маркус Решфорд, е многу блиску до заминување од Манчестер Јунајтед, каде што ја мина досегашната кариера.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Овој фудбалер не е во плановите на Рубен Аморим, и во последните три натпревари во Премиер лигата не беше на списокот.

Набрзо по сето тоа, Маркус Решфорд изјави дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед и немаше недостиг на понуди.

Клубовите кои покажаа интерес за него, меѓу другите, се Барселона, Фенербахче, Атлетико Мадрид и Ал Хилал.

Како што објави „Фичајес“, англискиот офанзивец одлучи за нов клуб и ќе ја продолжи кариерата надвор од границите на Англија.

Според споменатиот извор, Рашфорд сака да премине во Барселона, на којашто наводно ѝ се восхитува од детството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзниот Бекали збесна во програма во живо по поразот од: Ова го нема никаде, секој прави што сака!

Џиџи Бекали, контроверзниот сопственик на романскиот ФКСБ (поранешен Стеауа), беше изразит…