Дома Останати Кошарка Дончиќ ја доживеа најтешката повреда во кариерата во НБА. Еве колку долго ќе го нема

Дончиќ ја доживеа најтешката повреда во кариерата во НБА. Еве колку долго ќе го нема

ЛУКА ДОНЧИЌ (25) поради повреда во втората четвртина го напушти натпреварот помеѓу Далас Маверикс и Минесота на Божиќ, а сега е позната тежината на таа повреда.

Словенечката ѕвезда ќе биде надвор од терените најмалку еден месец поради истегнување на мускулот на потколеницата на левата нога.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Тоа е најтешката повреда во НБА кариерата на Дончиќ. Никогаш не се случило да пропушти месец дена. Далас во тој месец ќе одигра 17 натпревари, што значи дека за прв пат во кариерата на Дончиќ ќе одигра помалку од 65 натпревари во една сезона (не сметајќи ја сезоната 2019/20, која беше скратена поради коронавирусот).

Поради ова, тој нема да се натпреварува за поединечни награди како што е МВП или за вклучување во тимовите во All-NBA.

Словенецот на 22 одиграни натпревари сезонава имаше просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,8 асистенции. Далас е на четвртото место во Западната конференција со 19 победи од 30 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Реакцијата на Ирвинг додека се тепаа Нуркиќ и Маршал е хит (Видео)

Изразот на лицето на Кајри Ирвинг во моментот кога Маршал и Јусуф Нуркиќ се степаа на парк…