Дома Фудбал Претседателот потврди дека испратиле понуда: Серхио Рамос може да направи изненадувачки трансфер

Претседателот потврди дека испратиле понуда: Серхио Рамос може да направи изненадувачки трансфер

Серхио Рамос моментално е без клуб и поврзан е со многу шпекулации, а интересно е да се види со кој клуб е поврзан најново. Многумина се во неверување и навистина е тешко да се очекува дека Серхио Рамос ќе ја продолжи кариера во овој клуб покрај другите понуди.

По летото кога ги одби сите понуди што ги имаше, Серхио Рамос е слободен играч.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Очекувано е дека во јануари сепак ќе најде нов клуб и ќе почне повторно да игра фудбал, дали во Европа или Јужна Америка.

Најпознато е дека Бока Јуниорс беа заинтересирани за услугите на искусниот Шпанец, но тој ја одби понудата на аргентинскиот тим.

Шпанскиот стопер се стреми да најде вистински клуб во Европа, бидејќи неговите амбиции се да игра на највисоко ниво.

И покрај познатите преференции на Серхио Рамос, сега се појави уште еден клуб од Јужна Америка кој би можел да го донесе.

Претседателот на Крузеиро, Пдро Лоуренцо,изјави дека ќе му даде понуда за соработка.

“Ако сака да дојде и ги прифати условите што ги постави Крузеиро, може да го направи тоа. Ќе стапиме во контакт со него. Можеби ќе биде избран, бидејќи размислуваме за трансфер на централен дефанзивец,” рече челникот на бразилскиот клуб.

Многумина се во неверување кога станува збор за оваа понуда, бидејќи Серхио Рамос има подобри понуди од таа што ја нуди Крузеиро.

Сепак, ќе биде интересно да се следи развојот на ситуацијата кога станува збор за шпанскиот стопер, и да видиме каде ќе продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позната иднината на Ван Дајк

Иднината на Ван Дајк во Ливерпул беше неизвесна бидејќи дефанзивецот влезе во последната г…