Дома Фудбал Ноер објави фотографија за Божиќ, сите му ја коментираа елката: Дедо Мраз нема да ти дојде

Ноер објави фотографија за Божиќ, сите му ја коментираа елката: Дедо Мраз нема да ти дојде

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден од најдобрите голмани во историјата позираше пред својата божиќна елка која беше во центарот на сите коментари на неговите следбеници.

Со оглед на тоа што не станува збор за класична елка, туку метален сталак на кој има неколку гранчиња и топчиња, коментарите што ги доби Неuer беа навистина креативни.

„Дедо Мраз нема да ти дојде кога ќе ја види оваа елка“, „На моите родители можеби им е многу да дадат 70 евра за елка, но ако сакаш, ќе ти ја купиме и донираме“, „Заработуваш 20 милиони евра годишно и ова ти е елката?“, „Потрошил си доста пари на облека, мора да не ти останало доволно за елка“, се само некои од интересните коментари што ги доби Ноер на својата божиќна фотографија.

Ноер моментално е повреден, но наскоро би требало да се врати на голот на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…