Божиќниот НБА маратон беше отворен вечерва на спектакуларен начин во „Медисон Сквер Гарден“, каде што домаќините Њујорк Никс ги совладаа Сан Антонио Спарс со резултат 117:114.
Цело време гледавме резултатска неизвесност, иако гостите од Тексас беа тие што во поголемиот дел од натпреварот имаа блага предност.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Но, во драматичен финиш блесна брилијантниот Микел Бриџис, кој буквално ја „изрешета“ кошот на Сан Антонио и со серија поени му донесе победа на домашниот тим.
На крајот запиша вкупно 41 поен и беше апсолутен херој на Њујорк никс. Го следеа Таунс со 21 поен и девет скокови, како и Брансон, кој имаше 20 поени, девет асистенции и седум скокови.
Микел Бриџис со својата минијатура во последните три минути ја “поништи” блескавата игра на центарот на Сан Антонио Виктор Вембањама.
Французинот вечерва постигна 42 поени и 18 скокови, но тоа не беше доволно за неговиот тим.