Дома Фудбал „Марадона го ‘тепаа’ на терен, па стануваше, а Меси само сака да лежи“

„Марадона го ‘тепаа’ на терен, па стануваше, а Меси само сака да лежи“

Фудбалерите на Аргентина се актуелни светски шампиони во фудбал. Во финалето од 2022 година, по пенал рулетот, ја совладаа Франција и го подигнаа трофејот наменет за најдобрите во светот. Најдобриот играч на турнирот беше и според многумина најдобар играч на сите времиња, Лионел Меси, но со тоа воопшто не се согласува легендарниот голман на Бока Јуниорс, Уго Орландо Гати.

Гати во текот на интервјуто за аргентинското „Ла Насион“ ја призна својата приврзаност кон Диего Марадона, но тврди дека не го чувствува исто за Меси, за кого смета дека му било секогаш лесно во Барселона и на Светското првенство во Катар 2022.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


„Не го мразам Меси, но не ми се допаѓа како игра. Сите му се восхитуваа во Барселона, а тој играше за себе. Имаше судии кои му судеа за секој допир во негова корист. Имаше и играчи кои играа за него“, започна 80-годишникот.

„Никогаш не го удираа на натпреварите. Во фудбалот, ако те пуштат да играш, како што рече Алфредо Ди Стефано, можеш да играш секој ден. Од друга страна, Марадона го удираа со сета сила, го ‘тепаа’ по теренот. Кога ќе го удреше некој, па ќе паднеше, па пак ќе станеше. Кога некој ќе го допре Меси, тој останува на земја. Меси моментално игра селска лига во Соединетите Американски Држави. Ако игра на СП 2026 година, Аргентина ќе има играч помалку“, заклучи Гати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола: Манчестер Сити мора да купи нови фудбалери!

Пеп Гвардиола призна дека јануарските трансфери сега се неопходни откако проблемите на Ман…