Претседателот на Иран Масуд Пезешкиан ја помилуваше најголемата легенда на иранскиот фудбал Али Даеи и му нареди на својот министер за спорт да ги укине сите мерки на забрана што се во сила за најдобриот стрелец во историјата на иранската репрезентација.
Али Даеи се најде во центарот на настаните во септември 2022 година кога ги поддржа протестите на народот поради смртта на иранската Курдкиња Махса Амини, која почина во полициски притвор, откако беше уапсена поради кршење на строгите исламски правила за облекување.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Даеи беше исклучен од фудбалот, а пасошот му беше одземен. Одредени медиуми отидоа толку далеку што објавија дека Даеи е осуден на смрт, но тоа беа лажни вести.
Сега му е вратен пасошот и ќе може да се врати на фудбалот, но според медиумски информации од Иран, тој тоа го одбива.
Дури беше разгледуван и како кандидат за претседател на Иранската фудбалска федерација, но и таа понуда ја одби.
Легендарниот Даеи ја заврши кариерата во 2007 година. Во пензија замина како најдобар стрелец во меѓународниот фудбал со 109 гола за репрезентацијата, но во меѓувреме го претекнаа Кристијано Роналдо (135) и Лионел Меси (112).