Дома Фудбал Додека јавноста го критикува, Гвардиола го брани Халанд: Кога победувавме беше голгетер!

Додека јавноста го критикува, Гвардиола го брани Халанд: Кога победувавме беше голгетер!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, денеска изјави дека не е само фудбалерот Ерлинг Халанд одговорен за лошите резултати на тимот.

Сити ја има една од најлошите серии на резултати во поновата историја на клубот, откако по поразот од Астон Вила во саботата (1:2), доживеа деветти пораз во последните 12 натпревари во сите натпреварувања.

Во последните шест натпревари, норвешкиот напаѓач не постигна гол на пет меча.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


“Проблемот потекнува од сите нас, а не само од еден играч. Кога во минатото постигнувавме голови, Ерлинг беше голгетер, тоа исто така беше благодарение на тимот. Сега кога имате проблеми во одбраната, на средината, тоа се проблеми за сите, тоа е тимска работа, а не на еден играч. Би било премногу лесно само еден играч да е одговорен”, изјави Гвардиола.

“Ерлинг ни е многу важен, ќе биде многу важен за нас, секогаш бил. Мораме да се обидеме да работиме подобро, да го користиме подобро”, додаде шпанскиот тренер.

Халанд, кој од доаѓањето во Сити во 2022 година постигна 108 голови, после поразот од Астон Вила изјави дека се обвинува себеси.

“Најпрво себе си се обвивам. Не ги искористив шансите. Морам да бидам подобар, не сум доволно добар”, изјави тогаш Халанд.

Манчестер Сити ќе игра на домашен терен против Евертон во четврток во 13:30 часот, натпревар од 18. коло на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид е поделен на кланови – познато кој го има главниот збор во соблекувалната

Реал Мадрид е најуспешниот и најголемиот фудбалски клуб на светот, а играчите на овој тим …