Дома Останати Тенис Виландер верува во Ѓоковиќ: Новак ќе освои грен-слем во 2025 година

Виландер верува во Ѓоковиќ: Новак ќе освои грен-слем во 2025 година

Тениските експерти на „Еуроспорт“, Матс Виландер, Тим Хенман, Лора Робсон и Алекс Кореча ги дадоа своите предвидувања за следната сезона. Сите се согласуваат во едно – дека Новак Ѓоковиќ може да освои гренд слем во 2025 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Експертската четворка за „Еуроспорт“ даде разни предвидувања за претстојната сезона, како во машка, така и во женска конкуренција.

Околу многу прашања имаа поделено мислење, како на пример околу тоа кој ќе освои најмногу гренд слем трофеи следната сезона.

Робсон и Хенман се обложија на Алкараз, Кореча смета дека Синер и Алкараз повторно би можеле да поделат по два слема, додека Виландер мисли дека првиот тенисер на светот, Синер ќе биде поуспешен од младиот Алкараз.

Сепак, кога беа прашани дали Новак Ѓоковиќ ќе освои барем една гренд слем титула следната година, сите беа едногласни, а Хенман е на мислење дека тоа ќе се случи веќе во Австралија на почетокот од сезоната.

Дали ќе го освои Ѓоковиќ гренд слемот?

Робсон: Да. Го има Енди Мареј за тренер, мора да освои.

Виландер: Новак ќе освои уште еден гренд слем.

Кореча: Може да освои било кој од нив.

Хенман: Новак Ѓоковиќ го освојува Австралијан опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Каков човек: Ѓоковиќ со спектакуларен поен и на 39 години ја воодушеви публиката на Ролан Гарос (Видео)

Новак Ѓоковиќ денеска забележа победа од 3:1 на Ролан Гарос против Французинот Валентин Ро…