Дома Фудбал Поранешна ѕвезда на Реал Мадрид се маскираше за од трибините да го гледа омилениот тим

Поранешна ѕвезда на Реал Мадрид се маскираше за од трибините да го гледа омилениот тим

Поранешниот француски репрезентативец Рафел Варан се маскираше при посетата на стадионот Боларт-Делели, каде го следеше мечот на неговиот матичен Ленс и ПСЖ.
Извршувањето на секојдневните активности може да биде тежок предизвик за пензионираните фудбалери, бидејќи често се среќаваат со навивачи кои бараат автограми и фотографии, а Варан се одлучи да се маскира за да ги избегне непријатните ситуации.

Носеше капа и шал во боите на неговиот Ленс за никој да не го препознае на централната трибина на стадионот Боларт-Делели.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Официјалниот Твитер профил на Ленс објави фотографија на поранешниот француски дефанзивец, по што тој ја сподели на својот профил, потврдувајќи дека е тој на фотографијата.

Да напоменеме, Варан ја започна својата кариера токму во Ланс каде одигра само 24 натпревари на сениорско ниво, пред да замине во Реал Мадрид.

Исто така играше за Манчестер Јунајтед, по што премина во Комо како слободен играч, но таму не се задржа долго бидејќи овој септември ја заврши кариерата.

За француската репрезентација одигра 93 натпревари и постигна пет голови. Со „Триколорите“ го освои Светското првенство во 2018 година, а со Реал Мадрид четири пати беше европски првак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Столе Димитриевски ќе добие нов тренер

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, ќе добие нов тренер, откако Вален…