Според англиските и шпанските медиуми, Арсенал го договори првото јануарско засилување.
Станува збор за фудбалерот на Лас Палмас кој игра навистина феноменално, а неговото име е Алберто Молеиро и сите во него гледаат „нов Андрес Иниеста“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Според Aнгличаните, Арсенал ја активирал откупната клаузула за овој фудбалер кој има 21 година, а истата изнесува 60 милиони евра, и целиот процес ќе биде завршен во јануари.
Молеиро треба да биде големо засилување за Арсенал кога станува збор за офанзивниот дел од теренот.
Може да игра на позиција на преден играч од средината, но и како крилен фудбалер, а многумина го споредуваат со легендата на Барселона, Андрес Иниеста, поради неговата одлична визија и креативност.