Дома Фудбал ФФМ денес добива нов претседател!

ФФМ денес добива нов претседател!

Со почеток од 11 часот денеска во хотелот Хилтон ќе се одржи вонредното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија на која главна точка е промената на првиот човек Муамед Сејдини.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На местото на Сејдини доаѓа Масар Омерагиќ кој е единствениот кандидат.

Се е речиси познато, па поради тоа на денешнното Собрание се очекува најавите да бидат само потврдени.

Алексо Кипровски (1992-1993), Љубисав Иванов – Ѕинго (1993-1999), Ламбе Арнаудов (1999-2002), Харалампие Хаџи-Ристески (2002-2012), Илчо Ѓорѓиоски (2012-2018) и Муамед Сејдини (2018-2024) се луѓето кои досега го водеа фудбалот во Македонија, а Омерагиќ ќе биде седмиот претседател на ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанците пронајдоа решение таму каде што го имаа: Европскиот првак повторно ги презема Аѕурите?

Во последниве недели многу се шпекулираше за тоа кој долгорочно ќе ја преземе селекцијата …