Дома Фудбал Тренерот на Адеми и Ристовски „згрме“ Динамо нема никој да го уценува и рекетира!

Тренерот на Адеми и Ристовски „згрме“ Динамо нема никој да го уценува и рекетира!

Динамо Загреб е актуелна тема не само во Хрватска и регионот, туку и пошироко, бидејќи многу фудбалери се поврзуваат и со излезни трансфери, но има и такви кои се спомнуваат како потенцијални засилувања за гигантот.

Стратегот на Динамо, Ненад Бјелица зборуваше за можните трансфери сосема искрено, но и со малку гнев.

„Не би зборувал конкретно за имињата, имаме четири-пет потенцијални играчи на секоја позиција и меѓу нив ќе избереме. Но, никој нема да го уценува и рекетира Динамо! Ќе донесеме одлука каква што е добра за Динамо”, рече Бјелица и додаде:

„Некои имиња што се појавуваат во медиумите немаат никаква врска со нас, си прават реклама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Последен голем потег за Ливерпул: Засилување од 94 милиони евра?

Ливерпул ја разгледува опцијата за уште еден значаен трансфер при крајот на преодниот рок,…