Манчестер Сити контактира со Баерн Минхенн за трансфер на феноменален играч од 144 милиони евра.
Манчестер сити има итна потреба од засилувања, па сега наводно е во редовен контакт со ривалот за да го договори Јамал Мусиала.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Според новинарот Грејем Бејли, Манчестер Сити е во редовен контакт околу потенцијален трансфер за Јамал Мусиала и веќе имал разговори со неговите претставници, бидејќи неговиот договор со Баерн Минхен истекува во 2026 година.
Сепак, договорот нема да биде евтин, бидејќи гигантот од Бундеслигата наводно поставил вртоглава цена од 144 милиони евра на една од нивните најголеми ѕвезди.