Дома Останати Тенис „Македонката“ Халеп се враќа во Мелбурн по суспензијата

„Македонката“ Халеп се враќа во Мелбурн по суспензијата

Романската тенисерка со македонски корени Симона Халеп доби специјална покана за Австралијан опен, меѓутоа ќе настапи во квалификациите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешната најдобра светска тенисерка, која моментално е 877. на ВТА-листата, доби покана за учество во квалификациите за првиот грен слем турнир на сезоната.

Халеп во октомври 2022 година беше суспендирана на четири години поради позитивен допинг-тест, но казната и беше намалена на девет месеци по жалба. Се врати на турнејата во Мајами оваа година, а на почетокот од 2025 година ќе заигра и во Мелбурн.

Во 2018 година, Халеп стигна до финалето на Австралијан опен и тоа е нејзиниот најдобар резултат на овој турнир.

Австралискиот опен ќе се одржи од 12 до 26 јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе се бори за настап на нов грен-слем!

По историскиот настап на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има мо…