Навивачите не се воодушевени…
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, денеска потврди дека Мануел Нојер ќе потпише нов договор со клубот.
Оваа вест неодамна беше најавена во медиумите, а сега пристигна и потврда од клубот.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
“Овој договор е на заемно задоволство и ќе бидеме среќни кога сè ќе биде завршено. Не можам да кажам точен датум, но сè оди во вистинска насока, останаа уште ситни детали пред потписот”, изјави Еберл.
Меѓутоа, навивачите не се многу задоволни што клубот се фали со обновата на договорот на Нојер, кога е многу поважно да ги потпишат – Лерој Сане, Џошуа Кимиќ и Алфонсо Дејвис, на кои договорот им истекува во јуни, како и Џамал Мујсала, кој има договор до 2026 година.
Коментарите на социјалните мрежи се најчесто негативни, сметаат дека летото 2026 година било вистинскиот момент за Баерн да се раздели со Нојер, кој со рака на срце брани полошо од претходните години и имал бројни проблеми со повреди.
Навивачите пишуваат дека ова е “најлошиот божиќен подарок”, дека “Нојер требаше сам да замине во пензија”, дека “одамна помина неговото најдобро време”, дека “Баерн требаше да му најде замена и да го смести на клупа”, како и дека “клубот направи чекор наназад со овој потпис, особено ако Нојер не прифаќа значително намалување на платата”.
Дали претерале или Баерн направи грешка, ќе дознаеме во наредните месеци и следната сезона ако остане број 1…